Видео: 17 навивачи загинаа во стампедо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку 17 луѓе загинаа а уште десетици се сериозно повредени во стампедо на фудбалски стадион во Ангола, кога стотици навивачи се втурнале кон влезовите за да го следат натпреварот меѓу две локални екипи.

Стампедото се случило во градот Уиге, на северот од Ангола, очевидците велат дека тоа била огромна маса на луѓе кои сакале да влезат на стадионот, иако капацитетот на истиот е 8000 места.

„Некои луѓе газеа по останатите, повредени се 76, а 17 се починати“, истакна генералниот директор на локалната болница, Ернесто Луис.

Стотици други се здобиле со полесни повреди кога навивачите навалиле на влезовите бидејќи не успеале да влезат на мечот на локалниот клуб Санта Рита де Касиа против гостинската екипа на Рекреативо ди Либолос.

И покрај инцидентот, натпреварот не бил одложен, а славеле гостите со 1-0.