Home Спорт Хорор повреда: Ѕвездата на Барса ќе паузира 5 месеци!

Хорор повреда: Ѕвездата на Барса ќе паузира 5 месеци!

Барселона убедливо го совлада Алавес на гостински терен со 0-6, но го загуби десниот бек Алеиш Видал, кој во последните минути од натпреварот се заработи страшна повреда.

Имено, Видал после еден старт на Тео Ернандез се здоби со скршеница на зглобот и веднаш беше префрлен во болница.

Лекарите веднаш потврдиле дека мора да биде опериран неговиот зглоб, а тоа значи дека ќе мора да паузира најмалку 5 месеци.

Оваа сезона дефанзивецот настапиво шест натпревари од Примера, во кои постигна два гола и асистираше за други два.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…