Какво време носи понеделник?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првата половина од понеделник, облачноста се уште ќе покрива најголем дел од небото над Македонија. Но, промената на правецот на ветерот и постепената адвекција на студен воздух од север ќе го наговестат разведрувањето кое ќе започне од понеделник попладне.

Облачноста ќе биде во голем процент намалена до понеделник навечер.

Утрото ќе биде релативно топло, со позитивна температура на пониските места.. Минималната температура ќе има вредности во дијапазонот помеѓу 1 и 3 степени, односно помеѓу минус 3 и 0 степени на повисоките места.

Максималната температура ќе има вредности во границите помеѓу 5 и 8 степени низ поголемите населени места во земјава, додека на југоисток температурата ќе достигне до околу 9 Целзиусови.

Пошироката скопска околина претпладне и околу пладне очекува умерена облачност со повремен слаб ветер. Попладне и приквечер облачноста ќе се намалува. Температурата ќе има минимална вредност околу 1 степен, а максимална вредност околу 7 степени.