Виц: Комшивке, мажот ти дома е?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Си пиел некој човек пивце дома, се замезил и се запил со пивата, па го заболело грлото. Имал сосед лекар, па решил да оди да се консултира за болката со него. Оди и ѕвони, отвора жена му од докторот. Овој дека го боли грлото, не можел гласно да зборува, па шепотел:

Здраво комшивке, мажот ти дома е?

Типкава итра лисица побрзала со шепотење:

Не е дома, влегувај брзо.