LSD го зафилма дека е тигар: 8 часа гол „ровареше“ по полско-чешка граница

Скриена камера во шумата која беше поставена да снима диви животни, сними гол маж кој, под дејство на LSD, беше влезен во филм дека е тигар.

Марек Х. од Чешка, откако зел халуциногена дрога LSD за да се лечи од депресија, под влијание на ефектот од дрогата се слекол гол и почнал да трча низ шумата, однесувајќи се како тигар.

5-12-marek1

Откриен бил од шумарите кога ја погледнале снимката. Видеото му го предале на полициските служби кои утврдиле дека станува збор за 21-годишниот Марек. Во разговор со полицијата изјавил дека дрогата почнала да му делува веднаш и дека се почувствувал како тигар. Додал дека тогаш во него се разбудила вистинската личност и дека секогаш бил поврзан со животните.

Типот изјавил дека следел некој мирис, па осум часа „роварел“ долж чешко-полската граница во шумата. Со оглед на тоа дека полицијата кај него не пронашла наркотични средства, казнет е со парична казна и против него нема да биде покрената кривична постапка.