Верстапен ќе го продава својот личен автомобил на аукција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот светски шампион во Формула 1 ќе го понуди својот личен автомобил на аукција.

И ова не е автомобил во кој никогаш не седел, туку автомобил што го користел секој ден. Очекувано, станува збор за Honda, Civic Type R што излета од патеката. Автомобилот сега ќе биде понуден на аукција преку CarNext, кој го понуди уште пред да биде откриен самиот автомобил. Во секој случај, не треба да бидете детектив за да дознаете за кој автомобил се работи.

Се нуди по цена од 33.333 евра, но веројатно ова е почетната цена. Во тој случај се очекува голем интерес и уште поголема финална сума бидејќи сигурно има многу фанови кои би сакале да го имаат ова парче историја.

А тука е и хуманитарната страна, бидејќи сите средства ќе бидат донирани на хуманитарното здружение Wings for Life.

Сепак, следува најголемото изненадување. Оваа Honda од 2018 со поминати 58.000 km е по многу нешта посебна и прилагодена на карактеристиките на пилотот во Ф1. Верувале или не, описот на автомобилот вели дека има погон на задните тркала. Ако не е грешка, ова може да биде многу интересно.