Мицкоски ги повика ДУИ да го поддржат неговиот предлог Африм Гаши да биде нов мандатар наместо Ковачевски


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика ДУИ да застанат со 61 потпис зад името на лидерот на Алтернатива Африм Гаши и тој да биде мандатар место новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

„Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис, да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.

На прес-конференцијата, Мицкоски рече дека очекува по новото вето за преговорите со ЕУ, ако Алтернатива држи до зборот, или Кастриот Реџепи, кој велеше дека срцето му било во Вашингтон и Брисел, да излезат јавно и да кажат дека не постојат причини да ја поддржуваат власта.

Тој побара во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај-јуни да се одржат предвремени парлaмeнтарни избори, за кои што рече дека се „единственото решение за излез од оваа политичка, економска, енергетска, дипломатска, сеопшта криза во државата“.