Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холандскиот стратег, Луј ван Гал изјави дека би се вратил на тренерската работа само ако добие шанса од некој англиски клуб за да може да му се одмазди на Манчестер Јунајтед.
Ван Гал на „Олд Трафорд“ помина две години, а отпуштен беше летото 2016 година, неколку дена после освојувањето на ФА Купот.
Од тогаш не се занимава со тренерска работа, а беше запрашан дали би сакал да седне на кормилото на некој клуб.
„Веројатно не. Би направил исклучок само доколку добијам понуда од некој англиски клуб, тогаш би прифатил. Така би имал шанса да му се одмаздам на Манчестер Јунајтед“, изјави Ван Гал.
Претходно Холанѓанецот истака дека е незадоволен од начинот на кој беше отпуштен од клубот, бидејќи Мурињо беше договорен пред тој да добие отказ.
„Немам ништо против Жозе. Ед Вудвирд требаше да му се обрати мене за да можеме да решиме се“, заклучи Ван Гал.