Home Спорт Најбараниот играч во Европа: Го сака пола Европа, а тој одговара: Не ми е гајле!

Најбараниот играч во Европа: Го сака пола Европа, а тој одговара: Не ми е гајле!

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ оваа сезона блеска и се промовираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Милинковиќ – Савиќ во моментов е најбараниот фудбалер во Европа, а неговата цена вртоглаво расте и моментално е проценет на 100 милиони евра.

Синоќа на натпреварот помеѓу Аталанта и Лацио го следеа скаути од најголемите европски гиганти, а тој блескаше и постигна два гола.

Јувентус, Манчестер Јунајтед, Сити, Ливерпул, Барселона, Челзи, Монако и ПСЖ се силно заинтересирани за неговиот потпис.

„Постигнав два важни гола, играм за Лацио и не ми е гајле кој дошол да ме гледа. Среќен сум во Лацио и во Рим“, изјави Србинот по натпреварот.

Милинковиќ- Савиќ има договор до 2022 година, но следното лето готово сигурно ќе ја промени средината. Прашање е само во кој од споменатите клубови ќе ја продолжи кариерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…