Вака изгледа сонот на секој „гејмерски манијак“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зависниците од играње игри, популарно нарекувани гејмери, буквално се опседнати со опремата на која ги играат нивните омилени игри. Во тој контекст тие секогаш посветено се трудат да дојдат до најдобриот компјутер или конзола, но еднакво големо внимание посветувааат и на местото и собата во кои поминуваат огромен дел од животот играјќи игри.

А кога станува збор за мебелот посветен на гејмерскиот фанатизам, тука е јапонската компанија „Bauhutte“, чија примарна дејност е производство на гејминг опрема.

Овој пат тие на пазарот лансираа прилагодлив електричен кревет, наменет за гејмерите.

Систем кој го нуди Bauhutte им овозможува на гејмерите да поминуваат поголем дел од денот пред мониторот, да спијат и да се будат на истото место и да бидат подготвени за следното ниво или авантура во играта.

Столот-кревет е наречен „The Electric Gaming Bed“, а има и разни додатоци, како што се простор за складирање облека, полици за енергетски пијалоци и други елементи.

Од „Bauhutte“ велат дека креветот е со димензии 94 x 199 x 13,8 до 28,5 сантиметри и тежи 37,9 килограми. Предложената цена на креветот кој се продава во Јапонија е околу 1130 долари.