Холандските петолигаши Де Шутерс и ТПО поставија нов светски рекорд за најкраток фудбалски натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една чудна ситуација беше видена во Холандија во натпреварот на петолигашите Де Шутерс и ТПО.

Фудбалските натпревари вообичаено траат 90 минути, плус судиското продолжение, но играчите на Де Шутерс и ТПО на теренот поминаа само пет секунди што е и нов светски рекорд кој ќе биде потврден откако ќе се потврди резултатот од натпреварот и конечната одлука на Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Гостите на овој натпревар дојдоа со седум фудбалери, вклучувајќи го и тренерот Тијс Ван Брагт кој беше во улога на играч на теренот. Токму тој уште во петтата секунда се „здоби со повреда“ па судијата означи крај на натпреварот затоа што е познато дека една екипа мора да има најмалку седум фудбалери за натпреварот да може да се одигра.

„Не разбирам зошто ова го правите. Можевте едноставно да не дојдете и да добиете казна. Вака не измамивте нас и нашите навивачи“, изјави разочараниот тренер на Де Шутерс, Јохан Сулкерс.

„Секако дека ја разбирам фрустрацијата во противничкиот тим, но ние сме мал клуб и мораме во главно да се потпираме на волонтери. Во таква ситуација навистина не можеме да си дозволиме таква казна“, одговори тренер-играот од противничкиот табор, Ван Брагт.

Сега постои можност натпреварот да се официјализира со конечен резултат 0:0 и тоа воедно би бил најкраткиот фудбалски натпревар во историјата. Рекордот до сега го држеа Реал Мадрид и Реал Сосиедад кој во сезоната 2004/2005 одиграа натпревар кој траеше осум минути.