Вака Фергусон го опиша враќањето на Роналдо во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кај фудбалските фанови добро позната е врската која ја имаат Сер Алекс Фергусон и Кристиано Роналдо. Сер Алекс беше човекот кој го доведе Португалецот во Јунајтед во 2003 година од Спортинг.

Летово долги години потоа, шкотската легенда повторно и кога не е дел од Јунајтед одигра важна улога во убедувањето на Роналдо да се врати. Секако за него тоа е убав момент. Враќањето на Роналдо во Јунајтед го опиша со враќањето на Цезар во Рим.

„Враќањето на Роналдо, посебно првиот натпревар против Њукасл изгледаше како Цезар да се враќа во Рим по некоја голема победа. Дојдов, видов, победив“, порача Ферги.