Уште постравична од филмот: Вистинската приказна според која е снимен „Exorcist“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако поминаа повеќе од 46 години откако е снимен култниот хорор филм „Exorcist“, ова филмско остварување уште важи за еден од најстрашните хорори на сите времиња.

Филмот за девојчето Реган кое е опседнато од страшни демони, е снимен според истоимениот роман од Вилијам Питер Блати. Но, малкумина знаат дека тој роман се базира на стварни, вистинити настани.

Мрачната страна на Бог: Потрага по загубеното срце на христијанството

Егзорцизмот кој послужил како предлошка и инспирација за романот и филмот е опишан од Даглас Локарт во книгата „The Dark Side of God: A Quest For The Lost Heart of Christianity“ („Мрачната страна на Бог: Потрага по загубеното срце на христијанството“.

Наводно, на тоа истерување на духови присуствувале 48 луѓе. Според споменатата книга, овој егзорцизам се случил во 1943 година. Тогаш 12-годишното момче кое се споменува под псевдонимот Роланд До, наводно било запоседнато од демон, а црквата одлучила да му изврши егзорцизам за да го прочисти од опседнатоста.

Новинарот Томас Ален, кој го документирал случајот, открива дека тоа започнало со смртта на Хариет, тетката од Роланд. Таа била спортистка, која имала близок однос со младиот Роланд и често заедно го минувале слободното време. Наводно, во своите игри неретко користеле плочка од играта Ouija.

После нејзината смрт, во семејната куќа почнале да се случуваат чудни појави. Мебелот самиот се преместувал, а семејството слушало чудни звуци. Гледале разни предмети како лебдат во воздухот без ничија помош. Кога се покажало дека тоа секогаш се случува кога е Роланд во близина, семејството побарало помош. Се обратиле до месниот свештеник Мајлс Шулц.

Вмешување на црквата

Шулц бил толку фасциниран од овие случувања, што го повикал детето во својата куќа за да може да набљудува што се случува со него кога е одвоено од родителите. Наводно, таквите необични појави го следеле и таму.

Свештеникот предложил консултација со друг католички свештеник, Едвард Хјус. Хјус се обидел да го изврши првиот егзорцизам врз момчето, но нештата тргнале наопаку. Наводно, Роланд по отпочнувањето на ритуалот, успеал да ја ослободи едната рака. Потоа истргнал една пружина од душекот и со неа го повредил свештеникот.

Следниот свештеник кој се обидел да се фати во костец со нечистивиот бил Вилијам Баудрен. Тој забележал дека Роланд зборува со демонски глас и покажува страв при присуство на религиски симболи. За време на неговиот егзорцизам на телото од детето се појавиле натписи како „пекол“ и „зло“. Креветот врз кој лежело детето сам од себе почнал да се треси.

После егзорцизмот

После овој ритуал, наводно, Роланд продолжил да живее нормален живот. Новинарот Томас Ален истакнува дека не постоеле никакви докази за опседнатост на детето.

„Морам да истакнам дека не постои ниту еден непобитен доказ дека детето било опседнато. Мислам дека е поверојатна теоријата дека страдало од некаква ментална болест. Можеби последица од злоставување или едноставно се преправал цело време“, вели новинарот во интервју во 2003 година.

Со ова се сложува и неговиот колега Марк Опсасник од Strange Magazine. Тој Роланд го сметал за „пореметено дете кое очајно сакало внимание“.