Home Актуелно На пописот во 2020 ќе има и графа за етничка припадност

На пописот во 2020 ќе има и графа за етничка припадност

Според информациите кои ги сподели „24 Телевизија“, на наредниот попис на населението во Република Северна Македонија, кој треба да се реализира во 2020 година, граѓаните ќе можат да се изјаснат и за својата етничка припадност.

Премиерот Зоран Заев и Али Ахмети се договориле околу спорното прашање за постоење или непостоење на графа за етничка припадност. Според информациите на телевизијата законот е во финална фаза, а според планираното се очекува уште неделава да помине на влада.

Предвидено е новото пребојување на населението да ги чини граѓаните 8,5 милиони евра.

Последен пат успешен попис имаше во 2002 година, а во 2011 година по низа политички контроверзии и обвинувања беше прекинат неколку дена пред крајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…