Унгарско дипломатско возило било паркирано во гаражата од „Мериот“ кога го уапсија Мијалков


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Завчера вечерта, во периодот кога Сашо Мијалков беше уапсен во скопскиот хотел „Мериот“, дипломатско возило во сопственост на амбасадата на Република Унгарија во Белград било паркирано во подземните гаражи од хотелот на скопскиот плоштад, пренесува 1ТВ.

Возилото било во подземните гаражи во хотелот во времето кога припадници на полициските Алфи со налог од кривичниот суд за приведување го уапсија екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков.

Дали возилото со дипломатски таблици било само коинциденција или се работи за нешто повеќе од тоа, нема информации.

Братучедот на Мијалков, екс премиерот Никола Груевски веќе и официјално се знае дека побегнал од Македонија со помош и возила на унгарската дипломатија поминувајќи низ Албанија, Црна Гора и Србија.