Ученички рај во Бразил: Училиште без предмети и наставници, нема домашни и тестови


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако за некои луѓе со конзервативни светогледи веројатно звучи лудо, додека за други предизвикувачки, за децата би бил вистински рај да одат во училиште кое наместо да ги оптеретува со програмски модели, предмети, часови, домашни задачи и зачестени испрашувања и тестови, на сосема поинаков начин ги мотивира максимално да го развијат својот капацитет, интелигенција и потенцијал.

Токму такво училиште не е никаква идеја, туку реалност и се наоѓа во Бразил.

Успешен бразилски бизнисмен, Рикардо Семлер, го отворил првото Lumiar училиште во 2003-та. Претходно, тој речиси 20 години водел голема компанија каде го вовел автономен систем на работа.

Успешниот резултат од активностите помеѓу вработените, го натерал да го тестира истиот систем и во образованието на децата.

Учењето се базира на лична и колективна одговорност, а учениците добиваат практично знаење кое е поврзано со реалниот живот.

Тутори и мастери наместо класични наставници

Семлер дошол до заклучок дека професијата на наставниците во модерно време веќе не игра важна улога.

Знаењето на наставникот, во споредба со знаењето на Google е неспоредливо, па затоа постојат 2 типа на ментори во училиштето.

Тутор е оној кој се грижи за детето, заинтересиран е за случувањата во неговиот дом, напредокот на училиште и општо за неговиот живот. Му помага да го запознае светот, да решава прблеми и да наоѓа одговори на прашањата кои го интересираат.

Мастер е оној кој му помага на детето при работа на проект и е одговорен за знаењето на детето. Тој можеби нема специјално образование или дилома, но неговото знаење е значајно, како и пасијата за работата.

Нивната возраст може да биде различна, а првите мастери биле пензионери – со голема мудрост и слободно време.

Возрасна наместо одделенска групираност

Децата во ова училиште се приклучуваат на групи според интересите и проектите во кои сакаат да бидат инволвирани. Секое дете ги извршува своите задачи за кои е заинтересиран и помладите секогаш можат да научат нешто од постарите деца.

Часовите и предметите заменти со проекти

Во училиштето нема постојан распоред со предмети кои учениците ги учат. Наместо тоа, учениците смислуваат проекти на кои сакаат да работат и ги развиваат своите вештини. Еден проект трае отприлика 2 месеци, а има различни теми како готвење, дел од хемијата, жанр од музика итн.

Неограничена можност за развој

Училиштето има отворен простор за учениците, библиотека, секаква опрема и најважно од сѐ – им нуди слобода на децата. Ако сакаат, тие можат да седат на клупа, на под или на земја. Не постојат строги правила, важно е децата да го прават и учат тоа што го сакаат и ги исполнува.

Сеопфатно оценување, без чести тестови

На секои неколку часа, децата сами си ја евалуираат работата. Мастерите и туторите исто така ги надгледуваат и проценуваат колку од материјалот научите. Секој ученик има детално портфолио во кое е објаснето неговото знаење заедно со сите вештини кои еден ден ќе може да ги искористи.

Без домашни задачи

Од децата не се бараат класични домашни задачи, туку детето само одлучува како ќе учествува во проектот. Тоа може да учи само во училиште, или доколку има желба да чита дополнително нешто дома, или пак, да гледа филм на таа тема и да истражува на интернет.

Во ова училиште нема обврски, туку можности. Обвде децата ги откриваат своите таленти во сферата во која сакаат да се развиваат и надоградуваат.

Успехот на децата од ова училиште е многу подобар од оној во регуларните училишта, а методот на предавање се смета за еден од најиновативните педагошки одлуки во светот.