Црн биланс: Поради новиот тренд во порно филмовите убиени стотици млади жени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сè почесто во светските медиуми можеме да прочитаме вести дека млада жена е убиена „откако играта во креветот тргнала на лошо“. Британските медиуми овие денови ја пренесоа веста за 22-годишната Грејс Милан, која била задавена за време на груб секс со нејзиниот партнер, па некои Британки одлучија да проговорат за насилството кое го доживеале за време на сексуалниот чин со новиот партнер.

Графичката дизајнерка Карина открива дека нејзиниот бивш дечко бил прекрасен на сите полиња, но при страстен секс, типот почнувал да ја дави. Кога тоа се случило прв пат, била убедена дека ќе ја убие. Во сексот, открива таа, тој постојано изведуваше груби дејства како гушење и шамарење, тврдејќи дека не му е јасно што прави лошо со тоа. Го убедила да престане, но по неколку месеци поривот за давење и шамарење му се вратил на дечкото.

Слична приказна има и 24-годишната Хелен, која во такви ситуации се преправала дека е онесвестена, за дечкото да престане да ја малтретира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💗 𝐽𝑎𝑚𝑖𝑒 & 𝐷𝑎𝑘𝑜𝑡𝑎 💗 (@50shadesofdamie2017) on

Гејл Дајнс, професорка и авторка на книги за влијанието на порно филмовите во сексуалниот живот, за сето тоа вината ја лоцира во насилните порничи кои на младите момчиња им се бесплатно достапни на интернет од најрана возраст.

„Иако таквите појави за нас се екстремни, филмовите со таква содржина се првото нешто кое момчињата го учат за сексот. За жал, таа е вистината. Порастот на насилството во порно филмовите често резултира со вакво однесување во реалноста. Сум истражувала на оваа тема работејќи со млади момчиња и некои од нив ми кажаа дека давењето, шамарењето и удирањето жени во кревет го сметаат за нешто нормално. Жените се колатерални жртви во порноиндустријата“, вели Дајнс.

Денешните порно филмови, вели професорката, ги учат момчињата дека сексот е насилство и тие, за жал, немаат никакво друго образование за таа тема освен порничите. Со експанзијата на интернетот, овие филмови стануваат сè понасилни. Младите мажи губат чувство за границата меѓу експериментирањето во кревет и насилството врз жените.

„Ние своите деца ги учиме да мислат дека сексот е насилство. Кај момчињата тоа им го тренира мозокот на насилство да одговорат со ерекција. Тогаш телото почнува да посакува насилство со цел да почувствува задоволство“, вели Дајнс.

Фиона МекКензи, иницијаторка на кампањата „Не можеме да се согласиме на ова“, вели дека клучно за овој проблем е отворено да се разговара на таа тема.

„Многу млади жени велат дека дозволување гушење и не приговарале, преправајќи се дека уживаат во тоа. Тие се под притисок да се согласат на тоа. Не верувам дека мажите кои ги практикуваат овие работи секогаш се лоши, но верувам дека многумина од нив, под влијание на порно филмовите, прават работи кои се вистинско насилство“, вели МекКензи.