Home Наука и техонологија Целосна трансформација: Вака ќе изгледа внатрешноста од новиот модел на Голф

Целосна трансформација: Вака ќе изгледа внатрешноста од новиот модел на Голф

Голф е најпродаваниот автомобил од производствените хали на автомобилскиот гигант Фолксваген, кој со години не трпеше драстични промени во поглед на дизајнот и ентериерот. Но, новиот модел од Голф, фамозната „осумка“, ќе има целосна трансформација.

На неодамнешниот состанок на акционерите е откриена внатрешноста на новиот Голф 8 , како и контурите на надворешниот изглед. Дигиталниот кокпит ќе биде иновативен со споен екран и таблата со покажувачите на брзина , сила и други информации за возењето.

Овој дел ќе биде и редуциран, така што ќе има доволно простор за средните вентилациски отвори , како и за прегради. редизајниран е и рачниот менувач ,како и воланот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…