
Филмската сага „Самрак“ наполни 18 години. Серијалот, снимен според романите на Стефани Мајер, има пет филма, а првиот пристигна во кината на 18 ноември 2008 година.
Во следните четири години излегоа уште четири филма: „Млада месечина“, „Затемнување“ и „Зазорување“, чија приказна беше поделена во два дела.
За што раскажува „Самрак“?
Средношколката Бела Свон, која отсекогаш тешко се вклопувала во средината, не очекува големи промени кога од сончевата Аризона се сели во дождливата сојузна држава Вашингтон. Но таму го запознава Едвард Кален, убав и мистериозен тинејџер чиј поглед како да допира до нејзината душа. Едвард е вампир од семејство што не пие крв. Наместо да се исплаши, Бела се впушта во опасна љубовна врска со својата бесмртна сродна душа.
Главните улоги ги толкуваа Кристен Стјуарт како Бела Свон, Роберт Патинсон како Едвард Кален и Тејлор Лотнер како Џејкоб Блек. Во филмовите настапија и Ешли Грин, Дакота Фенинг, Питер Фачинели, Џексон Ретбоун, Келан Луц, Брајс Далас Хауард, Били Берк и многу други.
Сагата им донесе голема слава на неколкумина млади актери. Низ годините, дел од нив стапија во брак, а многумина од актерската екипа првпат станаа родители или добија уште деца.
Родителството е заедничко за повеќе главни ѕвезди од серијалот, вклучително и за оние што добија деца во речиси 14-те години по неговото завршување.
Извор: Just Jared