Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јамајка слави тројна победа на женската трка на 100 метри.
Елејн Томсон Хера победи на спринттерската трка во Токио и стигна до третиот златен медал. Иако Шели-Ен Фрејзер Прајс важеше за фаворитка златото го освои нејзината сонародничка која постави и нов олимписки рекорд.
Хера делницата ја истрча за 10.61 секунди и успеа да влезе во историјата. Зад неа беше Фрајзер Прајс со задоцнување од 0.13 секунди, трета заврши уште едната Јамајканка Џексон.
Томсон Хера досега има две злата од Рио каде што победи на 100 и 200 метри, а сега откако го одбрани златото на 100 метри ќе ма прилика повотно да ги обедини двете злата. И на таа трка најголема конкуретнка ќе и биде Прајс.