Тренерите на Георгиевски се откажуваат од владината награда – сите средства ги насочуваат кон олимпискиот вице-шампион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со одлука донесена на вчерашната владина седница, македонската Влада реши да го награди теквондистот Дејан Георгиевски со 20.000 евра за освоениот сребрен медал на Олимписките игри во Токио, а неговите тренери со 10.000 евра.

По оваа одлука и објавата на истата, на социјалните медиуми се огласи тренерот Дарко Костовски во негово и во име на неговиот брат.

„Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)!

ЗА МАКЕДОНИЈА!“, напиша Дарко на Фејсбук.