Трагедија во Израел: Во стампедо за време на верски фестивал загинаа 44 лица, а најмалку 150 се повредени (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку 44 загинати и 150 повредени е црниот биланс кој е резултат на стампедо за време на верски фестивал во северен Израел, пренесоа израелските медиуми.

„Jерусалим пост“ пренесува дека 44 лица го загубиле животот во трагедијата, како и дека десетици возила и шест хеликоптери ги превезувале повредените. Медиумите известуваат и дека социјалните служби се обидуваат да ги соберат сите деца кои се разделиле од своите родители за време на хаосот.

„Сè се случи во дел од секундата, луѓето само што почнаа да паѓаат, да газат едни врз други. Тоа е катастрофа“, рече Харец еден од сведоците.

Повикувајќи се на полициски извори, весникот наведува дека стампедото започнало кога некои од учесниците на фестивалот се лизнале по скалите.

Ова е најголемата манифестација што се одржува од почетокот на пандемијата на коронарниот вирус, на која, според организаторите, присуствувале околу 100.000 луѓе во четвртокот вечерта.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледаат илјадници луѓе кои свират под ритамот на музиката што доаѓа од сцената пред несреќата.

Израелските здравствени власти претходно апелираа до граѓаните да не одат на фестивалот, плашејќи се дека таквиот собир може да предизвика ширење на вирусот корона.