Тони Надал со критики кон Ѓоковиќ: Скоро 6 милиони луѓе умреа од проклетиот вирус, не очекував дека Ноле „ќе изигра“ вака


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако челните лица од организацијата на престижниот тениски турнир Австралија опен објавија дека одлучиле да му дозволат на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ да настапи на споменатиот гренслем-турнир иако не е вакциниран, со објаснување дека заслужува „медицински исклучок“, од сите страни пристигнуваат лавина од жестоки реакции и револт како кон организаторите, така и кон Ѓоковиќ.

Меѓу оние кои гласно и јавно го изразија своето незадоволство од ваквата одлука се и луѓето од таборот на Рафаел Надал, пред се неговиот чичко Тони Надал, кој го искритикува Ѓоковиќ, велејќи дека се однесува несериозно во ептен сериозно време.

„Морам да признаам дека до оваа објава за ‘медицински исклучок’, мислев дека Ноле или ќе се откаже или ќе се вакцинира. Скоро шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Сакам да мислам дека Ѓоковиќ тоа го знае и дека како знак на човечко чувство ќе ја објасни целата ситуација“, изјави меѓу другото Тони Надал.

Најдобриот светски тенисер со месеци калкулираше со неговиот настап во Мелбурн и преговараше со челниците, па откако изминаа сите рокови за вакцинирање, тој успеа да го искористи својот рејтинг и да добие попуст во вид на медицински исклучок.