„Тежат“ милиони, а се скараа за прстенот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако фамозната мултимилионерска наследничка Парис Хилтон и актерот Крис Зилка ја раскинаа свршувачката, настана тензија и препирка за тоа кај кого да заврши вереничкиот прстен со кој Зилка ја запроси Хилтон.

Во јануари, оваа година, во луксузниот и романтичен зимски центар Аспен, Крис клекна на колено и ја запроси Парис со прстен од два милиони долари, со кој таа се пофали на социјалните мрежи. Сепак, како што пренесува „Page Six”, Крис не потрошил ниту еден свој долар за овој прстен.

Тој наводно прстенот го добил бесплатно од Мајкл Грин, продавницата за скапоцени дијаманти за познатите, која е инаку многу блиска со Парис.

После раскинувањето, Парис сакала да го задржи прстенот бидејќи го смета како свој, а Крис го бара назад бидејќи според неговите тврдења, тој го купил со свои пари.

Богатството на Парис Хилтон се проценува на 300 милиони додека на Крис на 4 милиони долари. Поради тоа, многумина се прашуваа од каде му се парите за толку скапоцен прстен.

Сето тоа е објаснето со тврдењата дека Злик со години собирал ремек дела на сликари кои со време достигнале голема вредност. Потоа ги продал за да го купи прстенот.

После овие тврдења, претставникот на Крис одговорил дека актерот има свои пари.