Тестирајте се кога ќе умрете!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тестот е креиран од тим американски експерти кои тврдат дека откако ќе одговорите на поставените прашања, ќе ви пресметаат колкав животен век би можеле да очекувате. Според нив, веројатноста да биде така е дури 75%.

Се што треба да направите е само да вметнете одредени податоци за вашата состојба и навики. Тестот е изработен од тим статистичари и научници од Универзитетот во Пенсилванија, со цел да откриете колкав би бил вашиот животен век.

Резултатите на кои се темели тестот, е врз податоци од Американскиот национален институт за здравје и Американската асоцијација на пензионери врз примерок од половина милион луѓе. Податоците кои треба да ги внесете се однесуваат на вашите приходи, образование, љубовен статус и навики.

„Полесно е да влијаеме на чувството на сигурност отколку да ги промениме нашите гени. Сакаме да им порачаме на луѓето дека можат да влијаат на должината на својот живот и неговиот квалитет“, вели Лајли Унгар, професор на Универзитетот во Пенсилванија.


Неговиот совет е да не пушите, да ставате безбедносен појас и да носите кацига. Но, најважната работа која мора да ја внесете во вашето секојдневие е – вежбањето.

„Со еден час вежбање можете да добиете дополнителни два часа живот. Освен тоа, на старост ќе бидете поздрави и ќе се чувствувате подобро. Исто така, заљубете се ако сакате да живеете уште 5 години плус. Луѓето кои се среќни и живеат во добри љубовни врски живеат во просек пола деценија подолго од оние кои не живеат така“, напоменува професорот.

ТЕСТОТ сосема бесплатно можете да го направите ОВДЕ.