Тепачка на годината: МекГрегор VS. Мејведер во август – Конор веќе го зададе првиот „удар“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Непоразениот боксерски шампион против мајсторот на мешаниот стил на боречки вештини. Флојд Мејведер против Конор МекГрегор. Борбата која сите ја чекаа. И веќе почека почнаа да губат надеш дека ќе ја гледаат. Но, дефинитивно ќе се случи: 26 август, место – Лас Вегас.

И двајцата фајтери на социјалните мрежи ја потврдија автентичноста на информацијата, иако деталите уште не се познати. Сепак, се знае дека и двајцата им дадоа до знаење на организаторите дека не им паѓа на памет да влезат во тој ринг без да заработат по 100 милиони долари минимум.

Како организаторите ќе соберат толку кеш и да им „остане нешто“ и за нив? Спонзорски договори, прескапи влезници и секако “pay-per’view” систем. Секој кој ќе сака да го гледа мечот во живо, ќе мора да го плати тоа задоволство.

А МекГрегор на својот Твитер профил веќе го зададе првиот „удар“, најавувајќи го овој џенк на годината со огромна доза на сарказам и иронија. Еве ја фотографијата со која го најави дуелот.

Забележувате дека тоа десно не е Флојд Мејведер Јуниор, туку неговиот татко Флојд Мејведер Сениор кој има 64 години. Флојд Мејведер Јуниор во својата професионална кариера од 1996 до 2015 оствари 49 победи без ниеден пораз, па се смета за еден од најдобрите боксери во историјата на тој спорт. Сепак, Флојд има 40 години наспроти полетните 28 на МекГрегор, па Конор си дозволи да му го зададе првиот удар токму на таа основа.