Advertisements
Спорт

Тениски балет на финалето од Вимблдон – Ѓоковиќ по петти пат шампион на престижната трева

Вистинско совршенство од тениски балет ни понудија тениските титани Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во епската борба во финалето на Вимблдон која ја освои српскиот ас.

Првиот играч во светот во финалето го победи легендарниот Швајцарец Роџер Федерер со 3:2 во сетови 7:6, 1:6, 7:6, 4:6 и 13:12.

Првиот сет донесе одличен тенис. Во главно двата тенисери имаа сигурен сервис, иако Федерер го нападна Ѓоковиќ во четвртиот гејм, но Новак успеа да се спаси.

Победникот од првиот сет беше одлучен во тај-брејк, а таму беше видена навистиан одлична пресметка. Имаше Федерер предност од два поени 3:5, меѓутоа Ѓоковиќ ги освојува наредните четири и доаѓа до 7:5 со што го освојува првиот сет со 7:6.

Одговорот на Федекс беше жесток. Го разби Ѓоковиќ и му препушти само еден гејм во следниот сет (6:1).

Тај-брејк гледавме и во третиот сет и повторно Новак беше подобар. Повторно првиот играч во светот мораше да спасува брејк топка која на Федерер можеше да му донесе сет и на крајот го освојува третиот сет со 7:6.

Со двоен брејк во четвртиот сет Федерер лесно доаѓа до сервис за лесно освојување на сетот, но Новак не се предаваше и успеа после три часа и тој да му одземе сервис на Швајварецот.

Сепак, двојниот брејк не успеа да го возврати. Роџер одлично срвираше и во десетиот гејм го доби четвртиот сет со 6:4 за 2:2 во сетови.

Ѓоковиќ прв нападна во петтиот сет. Имаше три брејк шанси во четвртиот гејм, меѓутоа не ги искористи и Федерер се извлече од тешка ситуација.

Сепак, веќе во наредниот сервис на Федерер Новак стигнува до брејк, сепак уште во наредниот Роџер го врати изгубениот сервис и се врати во игра и до крајот на петиот сет гледавме епска борба.

Се играше на разлика, Федерер во 16-тиот гејм од петтиот испушти две меч топки. Се играше до 12:12 во гејмови, а потоа следуваше регуларен тај-брејк каде што Ѓоковиќ беше подобар и стигна до својата петта титула на Вимблдон.

Advertisements
To Top