Спорт

Тенисерска провокација во хеланки на терените во Лугано

Романската тенисерка Сорана Кристеа привлече огромно внимание од светските медиуми откако оваа недела на Samsung Open тенискиот турнир во Лугано заигра стегната во хеланки.

Кристеа моментално е 93. тенисерка на светската женска тениска листа, а нејзината спортска облека која ја носеше на дуелот со Кирстен Флипкенс привлече огромно внимание со својата провокативност во светските медиуми на социјалните мрежи, каде беше опсипана со позитивни коментари и критики.

„Дали ова е најпредизвикувачката облека било кога?“, се прашуваше коментаторот на BT Sport кој го пренесуваше мечот.

Многумина корисници на социјалните мрежи пишуваа дека се надеваат оти оваа 29-годишна тенисерка во вакво издание ќе заигра и на Roland-Garros.

Advertisements
To Top