Нобел

Тастатура со ретро дизајн – за оние кои пекаат по минатите времиња

Компанијата „Лофри” ја претстави својата нова пренослива тастатура која многу наликува на оние првите машини за пишување, коишто несомнено биле и главна инспирација за креаторите.

Новиот додаток за компјутери е во светли пастелни бои, а има вградено и светло за во темни простории. Благодарение на круглите тастери, тоа изгледа, но и звучи баш како старите машини за пишување од 18., 19. век.

Тастатурата одговара и на ПЦ и на „Мекинтош“ уредите, како и на уредите кои користат „Андроид“ и „ИОС” оперативни системи.

Во продажба ќе биде пуштена на 7 март. Промотивната цена е 59 долари, а подоцна ќе изнесува 100 долари.

Advertisements
To Top