Тапанарот на еден од најдобрите бендови на сите времиња се самоуби пред очите од сопругата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Буч Тракс, тапанар на славниот американски бенд Allman Brothers Band, во вторникот извршил самоубиство во својот дом во Вест Палм Бич, на Флорида.

Иако полицијата не сакаше да открива детали за јавноста за овој немил настан, Daily Mail пренесува дека 69-годишниот музичар со пиштол си пукал во глава и тоа пред очите на својата сопруга, сликарката Мелинда Тракс, со која беше во брак 25 години.

Токму таа во 6 часот попладне, во паника, повикала 911. Била во состојба на шок и само повторувала дека нејзиниот сопруг Клод (неговото вистинско име) се застрелал. Кога стигнала брзата помош, Буч уште бил жив, но набрзо потоа починал. Со Мелинда бил и нивниот син, музичарот Вејлор Тракс.

Музичарот кого Rolling Stone го прогласи за еден од 10-те најдобри тапанари на сите времиња, наводно веќе неколку години имал финансиски проблеми, поради што во 2011 година ја продал својата вила во Палм Бич за 2 милиони долари, иако вредела двојно повеќе, за да ја отплати хипотеката.

Во 2014 година, заедно со својот син, го купиле станот во кој тој сега го изврши самоубиството. Буч наводно имал проблеми со даночната инспекција.

Во ’60-те години, заедно со Грег и Дуан Алман, Буч беше еден од основачите на легендарниот бенд Allman Brothers Band.