Во спалната од младоженците на првата брачна ноќ: Срце, кажи ми дали јас сум првиот што спие со тебе? Срце, ако заспиеш, стварно ќе бидеш првиот.
Во спалната од младоженците на првата брачна ноќ: Срце, кажи ми дали јас сум првиот што спие со тебе? Срце, ако заспиеш, стварно ќе бидеш првиот.
Станува Трпе пред цел клас и вели: Наставничке, сакам да кажам нешто. Наставничката: Повели Трпе, слободно кажи. Наставничке, еве и вака јавно, сите нека знаат, јас ве сакам! Ама Трпе, јас сум ти наставничка. Ти си уште дете, јас не сакам деца. Не мора да имаме деца, наставничке, ќе се пазиме.
Зошто сакате да се разведете? Жена ми по цели ноќи скита по кафани. Ајдееее! Да не лажеш? Не лажам господине судија. Секоја вечер излегува и ака по кафани да ме бара мене.
Тате ќе се мажам за Трпе комшијата! Немој ќерко, сирак е и сиромав, работи во три смени. Не е тој за тебе. Ама татко јас го сакам и готово одлучив! Ќерко имај барем малку милост за Трпе. Нему животот му е доволно тежок и без тебе!
Комши, беше на утакмица? Бев, друже. И? Кој тепаше? Сите брат, али полицијата најмногу!
Утрово го шетам кучето. Од соседната зграда излегува млад пар татко и мајка плавуша со детска количка. При разминувањето, кучето лае. Веројатно се исплаши од количката. Мајката плавуша: Не можеш ли да си го скротиш животното! Што се разлаја толку! Ќе го разбуди бебето! Мажот: Потивко! Ти креваш посилна врева од кучето! Ќе го разбудиш! Да, бе, јас сум виновна! …
Интервју за работа: Кажете кои ви се силните страни? Упорен сум. Благодарам, ќе ве известиме за резултатите. Добро, ќе почекам тука.
Прават муабет две комшивки: Комшивке, како тоа ти имаш пет деца, а шестото ти е на пат да се роди, а јас и мажот ми мака мачиме со години, редовно по доктори одиме и пак ништо. Комшивке, а за промена да почнеш да одиш ти по доктори сама, може ќе има фајде.
Брат, да ти кажам право, ова интернетов ептен лоша работа испадна. Оти бе, брат? Па јас жена ми на интернет ја запознав. Ете, гледаш! Што ти велам јас, лоша работа!
Си прават двајца пријатели муабет: Брат, да ти кажам искрено, многу сакав да ја крстам ќерка ми по мојата прва љубов. А што те спречи во тоа бе, брат? Жена ми. Како така? Па така, ми вели на што ќе личи бе говедо ќерка ти да се вика Златен даб?
Некои разводи се спогодбени и завршуваат мирно, додека од друга страна има парови на …