Таа тврди: „Ме принуди на секс во тројка“, тој негира – „Ова е смешна лага“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По скандалите со Харви Вајнстин, Кевин Спејси и Луи Си Кеј, на површина исплива уште еден инцидент во Холивуд на оваа тема кој го вклучува славниот Силвестер Сталоне.

Инцидентот се случил во 1986 година во Лас Вегас, кога жртвата, која бара да остане анонимна, имала 16 години, а Силвестер Сталоне имал 40 години.

Во полицискиот извештај од таа вечер стои дека тинејџерката пријавила дека имала доброволен сексуален однос со холивудската ѕвезда, но дека не се согласила да спие и со неговиот телохранител Мајкл де Лука.

„Спиев со него, но потоа тој го викна и телохранителот да ни се придружи, да имаме тројка. На тоа не се согласив, ама тој ме принуди“, рекла тогаш девојката.

„Ми рече дека ќе ми ја скрши главата ако кажам некому нешто за тоа“, додала таа.

Случајот уште тогаш, во 1986 година, бил пријавен во полиција и има полициски записник, но не биле преземени никакви понатамошни чекори.

Се огласи и славниот холивудски актер преку својот портпарол кој изјави: „Ова е смешна и лажна приказна. Сталоне досега не е контактиран од никого за овој наводен инцидент, ниту од властите, ниту од било кој друг“.