Таа е првата јужнокорејска убавица која ја освои насловната страница на американското издание на Vogue


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Актерката Хојеон Јунг (27), која се прослави со улогата во хит серијата „Squid Game“, стана првата Јужнокорејка која ја краси насловната страница на најновото американско издание на магазинот „Vogue“ за февруари.

Минатата есен, пред да почне да се емитува серијата, Јунг имала 400.000 следбеници на Инстаграм, а денес има 23,7 милиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hoyeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Таа, исто така, откри дека брзото искачување до ѕвездите не било секогаш лесно.

– Не знам зошто, но не можев да јадам. Бев толку збунета и се беше толку хаотично што не верував што се случува, едноставно не верував, вели Јунг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hoyeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Таа откри и дека ослабела осум килограми за кратко време, а нејзините обожаватели го забележале слабеењето кога објавила неколку фотографии на Инстаграм.

Младата актерка се присетуба и како секојдневно го барала своето име и ги читала коментарите.

-Дури и осум луѓе да ме пофалат, а само двајца да ми напишат нешто негативно, јас плачев сама дома. Дури и сега се борам со ниската самодоверба, признава таа за „Vogue“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hoyeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Таа зборува и за љубовта кон Њујорк и за конечното чувство за мир откако се преселила во овој град.