Утре ќе имаме облачна недела со повремени врнежи од дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утре, недела, 9. јануари, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег.

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне значително облачно и магливо. Во попладневните и вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има од среда со ниски утрински и дневни температури, велат од УХМР.