Овие беа планетарно најпопуларните објави на Инстаграм во 2021 година

Магазинот „Е!“ направи селекција на планетарно најпопуларните објави на социјалната платформа Инстаграм во изминатата 2021 година.

На прво место е фотографијата на Кристијано Роналдо. Тој објави дека со неговата партнерка Георгина Родригез очекуваат близнаци, а таа фотографија од крајот на октомври собра повеќе од 32 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Втората најлајкувана фотографија е на профилот на пејачката Аријана Гранде. Ова е фотографија од нејзината венчавка со Далтон Гомез. Таа сцена доби 26 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)

На трето место е Кајли Џенер, која објави видео во кое ја информира јавноста дека е бремена. Тоа видео е прегледано 154 милиони пати и има 24 милиони лајкови. По неа следи пејачката Били Ајлиш, која ги изненади фановите со нова фризура во март минатата година. Нејзината промена им се допадна на 23 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Петтото место му припадна на Лионел Меси. Неговата фотографија, која ја објави откако потпиша за францускиот фудбалски клуб ПСЖ, им се допадна на 22 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)