Home Наука и техонологија СЗО преку WhatsApp ќе ги информира луѓето ширум светот за коронавирусот

СЗО преку WhatsApp ќе ги информира луѓето ширум светот за коронавирусот

Со зголемување на бројот на информаци и известувања за глобалната состојба со коронавирусот, прогресивно се зголемува и бројот на дезинформации поврзани со овој вирус и пандемија.

Поради тоа, Светската здравствена организација одлучи да го употреби најмасовниот сервис за размена на пораки во светот за точните информации да стигнат и до оние најзагрижените. Секој може да се пријави на контакт листата, а СЗО го овозможи со помош на WhatsApp бот.

Како да се поврзете?

Прво, потребно е бројот +41 79 893 18 92 да го меморирате во своите контакти, а потоа да го најдете во своите WhatsApp контакти и да испратите порака. Таа порака може да биде било што, како „Здраво“ или нешто друго. Потоа ќе добиете автоматски повратна порака во која ќе можете да видите понатамошни упатства. Со тоа сте пријавени за известувања, а исто така можете да изберете еден од понудените броеви во однос на тоа какви информации сакате да проверите за пандемијата.

Некои од понудените опции вклучуваат последни информации за тоа како се шири вирусот, прашања за превенцијата, но и дел од некои митови на кои наидуваме на интернет, а за кои СЗО овде понуди да одговори. На крај, ако сте расположени, останува и опцијата за донирање средства.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…