Светот ја дочекува Новата година – повеќе земји веќе влегоа во 2022 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луѓето ширум светот се збогуваат со 2021 и го слават влегувањето во новата 2022 година. Потребни се 26 часа пред во секое катче на светот да пристигне 1 јануари 2022.

Новата година веќе е дочекана во бројни земји во светот, на пример, во Кина, Монголија, Малезија, Австралија, делови од Русија , како и на Филипините.

Претходно, новата 2022 година беше дочекана и во Јапонија, Северна и Јужна Кореја.

Новата 2022 година беше дочекана и на островите во Океанија – Фиџи, и Тивалу.

Доаѓањето на 2022 први со огномети го прославија островските држави во Пацификот, Самоа, Тонга и Кирибати, а потоа и Нов Зеланд. Самоа, според туристичките работници, донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд за да организираат огномет. И во бројни градови во Нов Зеланд, иако претходно не беше најавено, новата година беше дочекана и со огномет.

Во австралиската метропола Сиднеј, нешто подоцна исто така беше одржан спектакуларен огномет по влезот во 2022. Шест тони пиротехнички средства беа испукани во Сиднеј, а огнометот траеше повеќе од 10 минути. И покрај епидемиолошките мерки, десетици луѓе гледаа огномет во живо на улиците.

Слични светлосни спектакли имаше и во градовите Канбера и Мелбурн, а потоа на 2022 ѝ се израдуваа во Јапонија и во двете Кореи.

Во 17 часот по средноевропско време новата 2022 година пристигна во Кина, а потоа следуваат Индонезија и Тајланд, Бангладеш, и Пакистан. Дочекот на Нова Година сам по себе не е особено важен празник за Кинезите. Според нивниот традиционален лунарен календар, новата година започнува дури во февруари.

Што се однесува до Европа, новата 2022 најнапред ќе пристигне на истокот на континентот. Во голем број држави прославите ќе бидат ограничени поради рестрикциите за справување со новиот сој на коронавирусот, Омикрон. Така ќе биде и во Германија каде има значајни ограничувања на приватните средби и генерална забрана за приватни огномети. Освен тоа, и оваа година како и минатата нема да се одржи традиционално најголемата забава за дочек на Нова Година- онаа пред Бранденбуршката капија во Берлин.

Во последен момент, инаку, беа објавени и позитивни новини за Лондон. Иако беше најавено дека нема да има огномет поради пандемијата, се чини дека таа одлука е променета и дека Британците ќе уживаат во светлосен спектакл за новогодишната ноќ.