Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Над 120 000 жители на Кирибати, како и жителите на Тонга и Самоа, први ја дочекаа Новата 2022 година.
За разлика од остатокот од светот, овие островски нации во Тихиот океан ја дочекуваат новата во релативно стабилна ковид-19 епидемиолошка слика, пред се поради нивната изолираност од остатокот на светот.
Првиот голем град кој ќе влезе во Новата година e Окленд, Нов Зеланд. Но поради пандемијата, откажани се масовните прослави. По Нов Зеланд, новата година ќе ја дочека Австралија. Тамошните власти сепак не ги откажаа огнометите, вклучувајќи го и вообичено впечатливиот огномет во Сиднеј.
Потоа следуваат Јапонија, Јужна Кореја и останатите држави од југоистична Азија. Интресно е што последни Нова година ќе ја дочекаат жителите на Американска Самоа, територија која на едно место се наоѓа само неколку стотини километри разделечност од Самоа, но на другата страна од временската зона.