Чао Вучиќ…па, пиши!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска, во обраќање за медиумите и јавноста, најави дека ќе поднесе оставка од раководството на Српската Напредна Партија (СНС) по истекот на неговиот претседателски мандат.

– Десет години сум на чело на партијата и ќе бидам таму до мај. Мислам дека е доволно, веќе имам четири кандидати за наследник во главата. Мислам дека тоа е доволно. Во главата веќе имам четворица кандидати за наследник. Време е за нови луѓе, јас сум веќе 10 години на нејзиното чело. Се повлекувам бидејќи не сакам да загрозам што било пред тоа и победата на партијата на изборите – порача претседателот на партијата и на државата, кој, како што рече, веќе имал во главата четири кандидати за наследник.

Тој додаде дека сака, како што вели, да ужива во секојдневни работи од кои политиката го оддалечила.

– Би се зачудиле кога би кажал дека и јас имам топлина и емоции, понекогаш сум и јас човечко суштество, си кажувам дека ова го можам, а ова не. Не сум бил ни еден ден на море, можеби сум сакал да бидам нормален, обичен човек … Да видам што ми прави ќерката, малиот син да го однесам на џудо, кошарка, големиот веќе не ме рецка два отсто – рече Вучиќ на телевизијата К1.

На прашањето дали би се вратил на премиерското столче, Вучиќ одговара со прашањето:

– Па дали навистина мислите дека тоа е возможно?!

Тој истакна дека живее за она што ќе се пишува за него за 50 години, пренесува Б92. Српскиот претседател исто така рече дека презира насилници и дека главно соработува со жени, бидејќи многу ги почитува.

– Околу мене се главно жени. Сите тие жени веќе 10 години се со мене и ниту една не заминала. Во нашата влада има најголем процент жени. Поголемиот дел од мојот тим го сочинуваат жени. Веројатно на човека му судите по делата – објасни Вучиќ.

Осврнувајќи се на коментарите дека не е „топол“ и срдечен во комуникацијата, Вучиќ рече дека нему му е работа да зборува за работите кои не им се допаѓаат на луѓето, а не да „се фотографира со миленичиња“.