Home Наука и техонологија Свечени тоалети, вратоврски и анти-ковид сертификати: Отворено 42. издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Свечени тоалети, вратоврски и анти-ковид сертификати: Отворено 42. издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Синоќа, на отворено, во дворот на Заводот и музеј Битола, се одржа официјалната церемонија за отворањето на 42. издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Дефилето на отворањето помина во знакот на ноќните тоалети, вратоврските, но и проверката на анти-ковид сертификати.

„Четириесет и второто издание на „Браќа Манаки“ покажува дека фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сè, како што мора и во секој друг сегмент од животот да продолжиме и понатаму со оптимизам и надеж, покрај сите тешкотии и проблеми“, рече претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го прогласи фестивалот за отворен.

Прв во програмата беше филмот „Сестри“, режисерското деби на младата Дина Дума.

Извор и фотографии: Гласот на Америка

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …