Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот, 17-ти септемвриски ден, петок, во Mакедонија носи сончево и натпросечно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина над 70 км /час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 34 степени. Маврово 26. Ојрид 30, Битола 33, Крива Паланка и Берово 30, Кавадарци 36, Дојран 37.

Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…