Спорт

Суарез за односите во Барса, соблекувалната, Лео Меси…

Луис Суарез даде опширно интервју за уругвајските медиуми во кое откри детали од соблекувалната на Барселона и посебно се осврна на неговиот однос со Лео Меси.

„Кога доаѓате во клуб каков што е Барселона мислите дека се ќе биде поинаку. Меѓутоа, ме изненади скромноста која владее во соблекувалната на Барса. Тоа е нешто неверојатно и неопишливо. Односот кој постои меѓу сите играчи во соблекувалната е феноменален“, изјави Суарез и додаде:

„Тука се играчи како Лео, Нејмар, Иниеста и останатите кои играат овде веќе подолго време и кое освоиле голем број трофеи. Да ги видите како од ден на ден тренираат како и останатите и како во некои ситуации се однесуваат како семејство ве прави горди што сте на тоа место и сваќате дека сте направиле правилен избор што се дошле тука“, заклучи Уругваецот, а потоа се осврна на неговиот однос со Меси.

„Аргентинците и Уругвајците обично добро се сложуваат. Лео и јас сме одприлика иста генерација и сакаме цело време да зборуваме за фудбал. Меѓутоа, често задно го поминуваме цел ден. Често пиеме чај и излегуваме заедно со нашите сопруги. Лео е како секој друг нормален човек. Многу е скромен и искрен во односот со мене, неверојатен е. А покрај тоа живееме многу блиску, само неколку метра еден од друг“.

Advertisements
To Top