Спорт

Реал не се откажува – Де Геа е трансфер цел број еден!

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го донесе Давид де Геа на „Сантиаго Бернабеу“ и следното лето повторно ќе се обиде да го реализира овој трансфер, тврди „Марка“.

Во летото 2015 година трансферот на голманот веќе беше договорен, но пропадна поради доцнење за неколку минути при пријавувањето на целата зделка, но сега Шпанците се решени повеќе од кога било да потпишат со него.

Се претпоставува дека во неговиот договор има откупна клаузула во износ од 65 милиони евра, а нема индикации дека Жозе Мурињо би се разделил со својот голман на друг начин.

„Тајмс“ пак тврди дека нема откупна клаузула. Англискиот весник пишува дека Јунајтед ќе го одбие секој напад на Реал Мадрид за Де Геа и нема да го продаде голманот за ниту една сума.

„Никој не знае што носи иднината. Но многу сум среќен тука, ова е голем клуб. Нема да зборувам за Реал Мадрид, нема да зборувам повторно на таа тема“, прокоментира Де Геа.

Advertisements
To Top