Меѓународен скандал: Мис Универзум од Данска поради детал од минатото ја загуби титулата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мис Универзум Данска остана без ласкавата титула поради „поврзаност со криминална организација“, пишува Daily Mail.

Кристина Микелсен (24) без круната остана откако јахтата (вредна околу сто милиони долари) од нејзиниот бивш дечко, син на африкански диктатор, беше запленета во склоп на истрага за перење пари во Швајцарија.

Теодорин Обијанг (42), е потпретседател на Екваторијанска Гвинеја, но и син на претседателот. Неговата раскошна јахта беше запленета во Швајцарија на барање на холандските власти.

Обијанг, наводно, со години е под истрага бидејќи се сомничи дека трошел државни пари за лични потреби, пренесува Форбс. Освен јахтата, запленети му се и скапоцени автомобили.

Пред скандалот со бившиот дечко со кој заврши откако ја посети Екваторијална Гвинеја, Кристина го обвинуваше одборот кој ја лиши од титулата дека наводно ја терал да ослаби пред светскиот избор за Мис Универзум. Тврди дека нејзините 54 килограми биле премногу и ја терале да симне дополнителни 8 килограми.