Стигнува розовиот KitKat – кога ќе дознаете како е добиена бојата, уште повеќе ќе го сакате


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стигнува новиот вкус на KitKat чоколадото, а она што сладокусците може да ги воодушеви повеќе и од вкусот, е изгледот на чоколадото.

Новиот, розов KitKat има добиено таква боја по целосно природен пат. Станува збор за „ruby“ чоколадо кое се изработува од посебни зрна какао, а кое го разви швајцарскиот какао гигант Barry Callebaut.

Од Nestle тврдат дека чоколадото има „интензивен овошен вкус, но без додатни адитиви за боја или вкус“. Овој вкус досега се продаваше само во Јапонија и Јужна Кореја, а сега најпосле стигнува и во Европа, поточно во Велика Британија.

„Ова е навистина голема работа, возбудени сме што фановите на KitKat ќе можат да пробаат нов вид на чоколадо“, велат од Nestle, пишува LADbible.

Инаку, „ruby“ чоколадото е четврт вид на чоколадо, после млечното, темното и белото, а на развојот се работеше повеќе од десет години.

Розовиот KitKat на британскиот пазар стигнува на 16 април.