Научна реалност

Сте чуле за „флик“? На Фејсбук времето веќе се мери поинаку од реалноста

Инженерските експерти од технолошкиот гигант Фејсбук иновираа и сопствена единица за време наречена „флик“ (flick).

Флик е измислен за на девелоперите да им ја олесни работата на синхронизација на видео ефектите, а изразот означува кратенка од зборовите „frame-tick“.

Станува збор за единица за време незначајно подолга од наносекунда, односно на 705.600.000-ти дел од секундата, а научниците тврдат дека ќе ги унапреди искуствата на полето на виртуелна реалност.

Флик би требало да има најголем ефект во програмскиот јазик C++, особено кога се во прашање визуелните ефекти за филм, телевизија и други медиуми.

Идејата за нова единица за време ја објави Кристофер Хорват на својот Фејсбук профил кон крајот на минатата година, а сега нејзиното постоење го потврди и веб сајтот „GitHub“.

Работата со поединечни „фрејмови“ беше математички кошмар. „Фрејм“ на 24 fps, на пример, изразен во децимална форма, грубо изгледа вака 0.04166666667 секунди, или 41666666.669 наносекунди.

Со користење на „филк“, математиката изгледа многу поедноставна:

1/24 fps frame: 29400000 flicks
1/25 fps frame: 28224000 flicks
1/30 fps frame: 23520000 flicks
1/48 fps frame: 14700000 flicks
1/50 fps frame: 14112000 flicks
1/60 fps frame: 11760000 flicks
1/90 fps frame: 7840000 flicks
1/100 fps frame: 7056000 flicks
1/120 fps frame: 5880000 flicks
1/8000 fps frame: 88200 flicks
1/16000 fps frame: 44100 flicks
1/22050 fps frame: 32000 flicks
1/24000 fps frame: 29400 flicks
1/32000 fps frame: 22050 flicks
1/44100 fps frame: 16000 flicks
1/48000 fps frame: 14700 flicks
1/88200 fps frame: 8000 flicks
1/96000 fps frame: 7350 flicks
1/192000 fps frame: 3675 flicks

To Top