Бивши ЦИА агенти трагаат по загубеното богатство од Ескобар (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешни агенти и оперативци на американска ЦИА се убедени дека ја пронашле подморницата од најславниот нарко-бос на сите времиња, Пабло Ескобар.

Подморницата, како што се верува, била користена за криумчарење на кокаин од Колумбија за Порторико. Кокаинот потоа од таму бил дистрибуиран по Соединетите Американски Држави.

Доколку подморницата навистина е пронајдена, тоа би можело да претставува трага што може да ја открие локацијата на сокриеното богатство на Ескобар, за кое што се претпоставува дека вреди околу 57 милијарди евра. Сепак, тоа се уште не е откриено, бидејќи подморницата се уште не е истражена.

На тоа работат поранешните агенти на ЦИА, Даг Лао и Бен Смит, кои биле повикани откако невреме го размрдало морското тло и открила остатоци од подморница, која најверојатно на дното лежи неколку децении.

Подморницата се наоѓа на сè уште неоткриена локација, во близина на колумбиската обала. Каналот „Дискавери“ сними и филм од потрагата по подморницата насловен како „Во потрага по милионите на Ескобар“.

Се проценува дека Пабло Ескобар, во текот на осумдесеттите години од минатиот век, со препродажба на дрога во САД заработувал по 366 милиони евра неделно и дека во Колумбија сокрил огромно богатство.

Со подморници во САД превезува и до два тони кокаин и обезбедувал околу 80 отсто од американскиот пазар.