Home Вебкафе Станбена криза во Сан Франциско: Apple ќе даде 2,5 милијарди долари за решавање на проблемот

Станбена криза во Сан Франциско: Apple ќе даде 2,5 милијарди долари за решавање на проблемот

Технолошкиот гигант Apple вети дека во следните две години ќе даде 2,5 милијарди долари за да придонесе за побрзо решавње на кризата со станбен простор во Сан Франциско.

Понудата на производителот на iPhone е слична на иницијативите на Facebook и Google, кои ветија по една милијарда американски долари за решавање на истиот проблем.

„Пред светот да знаеше за Силиконската долина и долго пред да бидеме опкружени со технологија, оваа област беше лулка на Apple и чувствуваме граѓанска должност да и помогнеме да преживее, за луѓето да можат да живеат овде, да формираат семејства и да придонесат во заедницата“. напиша во соопштението извршниот директор Тим Кук.

Apple соопшти дека околу 30.000 луѓе го напуштиле Сан Франциско од април до јуни оваа година, поради неможноста да најдат прифатлив стан. Платите што ги плаќаат технолошките компании честопати се наведуваат како една од причините за станбената криза во Калифорнија.

Брендот со лого со јаболко планира да ги фаворизира „наставниците, пожарникарите, спасувачите и другите сервисни работници“, кои тешко се снаоѓаат за стан во град каде вртоглаво се зголемуваат цените на кириите.

„Во соработка со експерти, ние подготвивме план за решавање на сите аспекти на предизвиците што се предизвикани од оваа криза, од итна потреба за ново домување, до помагање на младите семејства , како и добротворни донации за да им се помогне на најранливите“, рече Лиза Џексон, потпретседател за животната средина и за социјални иницијативи на „Епл“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…