„Среде пустинската убост“ – монашката песна на бигорското братство (видео)

Видео запис за монашката песна „Среде пустинската убост“, изработен од стручни тимови составени од директори на фотографија, продуцент, монтажер и режисер, веќе извесен период наназад присуствуваа во Бигорското светилиште, трудејќи се да го стават на камера секојдневниот монашки живот во Обителта.

Станува збор за песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство ја преведе и препеа, создавајќи композиција која плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, а архаичната мелодија, пак, успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот.

Снимено во Студио „Алшар“
Аранжман на песна: Владимир Димовски

Виолина I – Владимир Цветковски
виолина II – Петар Тасески
виола – Владимир Димовски
виолончело – Кирил Јосифов
контрабас – Митко Иванов
лира, кларинет – Петар Христо
канон – Тимко Чичаковски
харфа – Весна Микиќ

Стручен тим:
Режија и монтажа: Горан Костадинов
Камера: Кристијан Теодоров, Александар Ивановски
Дрон: Дарко Данилов
Постпродукција: Огнен Шапковски

© Сите права се задржани

Текст:

Среде пустинската убост

Среде пустинската убост,
во гори и пештери,
кај што цвеќињата цутат,
кај што птиците пеат.

Таму има чисти нешта,
како полски кринови,
и од розата покрасни,
Христовите монаси.

Се збогуваа со светот,
другари, родители,
сега Бог и сите свети
таму им се роднини.

Дење, ноќе, слатко пеат
за Спасителот Христа,
Кој ги украсил со доблест
и со многу благодат.

Пред изгрејсонце, во мракот,
уште пред да зазори,
пред да почне птичја песна,
тие се на молитва.

И ангелите се со нив
и ги окрилуваат,
им ја земаат молитвата
и ја носат нагоре.

Секој миг, со раце слаби
се држат за молитва,
бројаницата свештена
и житијата свети.

Секогаш возвишени се
во небесни висини,
како дрвјата без лисја
и со бледи ликови.

Штом камбаната се слушне
со симандрото чујно
и клепалото штом тропне,
животот се менува.

Нè облекоа во расо,
во свештена облека
и ни дадоа и схима –
одиме за Голгота.

Нивната трпеза красна,
храната осветена,
колку скромна таа да е,
срцата ги весели.

Цареви заради ова
венците ги фрлија,
за без лик и чест да бидат
в ќелија затворени.

Што ми користат и браќа,
ближни и пријатели?
Кога смртта ќе ми дојде,
никој не ќе помогне.

Ако носам и јас раса,
тоа не е доволно,
треба световниот живот
сосем да го оставам.

Добро здравје, драги браќа,
другари и роднини,
не можам јас веќе овде,
во животов световен.