Холивуд и музичката сцена имаат нов омилен пар, и се чини дека љубовната приказна на Зои Кравиц и Хари Стајлс е подготвена за следното големо поглавје.
Странските медиуми брујат дека актерката и музичката ѕвезда се свршиле, откако Зои беше видена со впечатлив дијамантски прстен на левата рака. Гласините експлодираа минатиот викенд во Лондон, кога папараците ги фотографираа вљубениот пар во опуштена прошетка, прегрнати и насмеани. Сепак, најголемото внимание го привлече луксузниот прстен, кој веднаш предизвика лавина коментари.
Според извори блиски на парот, Хари е целосно освоен од Зои и наводно е вљубен до уши, додека таа е пресреќна и никогаш позадоволна со приватниот живот. Луѓето од нивното окружување тврдат дека веста за свршувачката не е изненадување, бидејќи нивната романса од самиот почеток се движела со молскавична брзина.
Тие двајцата првпат беа поврзани во летото 2025 година, кога беа заедно видени во Рим, а набрзо потоа и во Лондон. Веќе тогаш се шпекулираше дека не е збор за пролазна авантура, туку за сериозна врска со иднина. До почетокот на 2026 година, наводно, ја зацврстиле својата љубов, а Зои на блиските пријатели му го опишала Хари како своја сродна душа.
Иако и двајцата се глобално познати имиња, тие се трудеа да ја држат врската подалеку од светлата на рефлекторите. Ретките заеднички појавувања во Бруклин, на приватните настани и ексклузивните афтерпарти достауваа за фановите секојпат да полудат.
Кога станува збор за љубовната историја, Зои претходно беше во брак со Карл Глусман, а потоа и во врска со Ченинг Тејтум. Хари, од друга страна, со години ги полнеше насловните страници со романси со познати убавици како Оливија Вајлд, Кендал Џенер и Тејлор Свифт.
Официјална потврда сe уште нема, но едно е сигурно – ако овие гласини се покаже дека се точни, нѐ очекува венчавка на годината за која ќе зборува целиот свет.